Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младата ѕвезда на Челзи, Калум Ходсон-Одој е главна мета на Баерн Минхен кој за него понуди 40 милиони евра во јануарскиот преоден рок.
Челзи експрено ја одби таа понуда, но Баерн не се откажува да го донесе 18-годишниот офанзивен фудбалер во Минхен.
Иако Ходсон-Одој јавно побара да му биде дозволен трансфер и сака да се пресели во Баерн, сепак раководството на Челзи донесе конечна одлука – нема да го продава по никоја цена.
Ова е секако неверојатен и розичен потег за „сините“, бидејќи младиот фудбалер има договор до 2020 година, па следното лето може да го напушти „Стенфорд Бриџ“ без обештетување како слободен агент.
Тоа ќе значи голема загуба за Челзи, кој моментална од неговата продажба може да заработи најмалку 40 милиони евра.
Талентираниот фудбалер сака да си оди и одби да потпише нов договор, но раководството на Челзи е одлучно во намерата да го задржи во своите редови.
Ходсон-Одој оваа сезона има само 19 настапи за Челзи на кои успеа да постигне 5 гола и да запише четири асистенции.
Несомнено дека се работи за голем талент, но Челзи поради својата одлука може да загуби 40 милиони евра.