По Албанија, и Косово го забранува коцкањето и игрите на среќа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Уште еден наш непосреден сосед го забранува јавното коцкање кое го вклучуваат сите игри на среќа, освен државната лотарија.

По Албанија, и Косово со усвоен нацрт-закон ги забранува сите игри на среќа во следните десет години. Официјална Приштина ги допушта само игрите на среќа организирани од државната лотарија на Косово.

Се очекува да биде усвоен од Собранието и да стапи во сила 15 дена по објавувањето во Службениот весник на Косово.

Активностите на коцкање и обложување веќе се прекинати со усвоена Резолуцијата од страна на мнозинство пратеници во косовскиот законодавен дом.

Ваквата реакција ја поттикна и неодамнешните две убиства во коцкарници во Липљан и Сува Река, а во акцијата 35 објекти беа затворени како илегални.