Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Баш оти е приземен, обичен, непретенциозен и антиелитист, славниот актер Киану Ривс го обожаваат и му се воодушевуваат сите. Тоа го докажа и кога му беше одложен авионскиот лет со кој требаше да патува.
Холивудската актерска ѕвезда Киану Ривс, како и сите други нормални луѓе, по одложувањето на летот си се качи во обичен автобус, каде наиде на воодушевување и радост од останатите патници.
keanu got stranded somewhere in california and had to take a bus instead of a plane and some guy filmed the entire experience and i am BEGGING yall to watch this pic.twitter.com/I1TmLOEYiK
— ᴄ ᴀ ᴛ (@keanusgf) March 24, 2019
Киану Ривс воопштио не беше нерасположен поради возењето со автобус. Тој во добро расположение и опуштен ги воодушеви патниците , од кои неколкумина и се фотографираа со него и веднаш ја пренесоа радоста од неочекуваната средба на социјалните мрежи.
Авионот со кој требалчо да патува Ривс од Сан Франциско кон Лос Анџелес поради проблеми морал да слета на аеродромот во градот Бејкерсфилд, каде патниците биле пречекани во автобус.
Додека патниците се качуваа во автобусот, 54-годишниот актер не можел да остане мирен, па почнал да се шегува и да им кажува интересни анегдоти за местото каде што слетале. Со своето однесување ги воодушевил патниците.
That time when your flight out from #GDC almost crashes and you have to emergency land in a remote airport but at least Keanu Reeves is having as bad a day as you are. pic.twitter.com/XSPa1wlNuO
— Amir Blum (Unboxed) (@CheesyJedi) March 24, 2019
„Други познати ѕвезди сигурно би барале посебни услови , но се гледа дека Киану не е еден од нив. Од секогаш бил и остана различен од другите“, беше еден од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.