Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Едноставно се случи. Бевме најдобри пријателки, се насмеавме и тоа беше тоа“, изјави Мел Б за јавноста во врска со секс аферата која ја имала со една од колешките од „Спајс Грлс“
Наводната љубовна авантура меѓу две од членките на бившата женска група „Спајс Грлс“ најпосле доби продолжение и тоа во емисијата на Пирс Морган.
Иако досга стануваше збор само за медиумски шпекулации, Мел Б сега јавно призна дека таа и нејзината бивша колешка Гери Халивел во еден момент од заедничката музичка кариера биле нешто повеќе од пријателки и колешки.
„Се случи само еднаш“
„Ќе ме мрази поради ова, бидејќи сега води отмен живот, живее на свој имот со сопругот, но тоа е факт. Важно е да се каже дека тоа се случи само еднаш, едноставно се случи. Бевме најдобри пријателки, се насмеавме и тоа е тоа“, откри Мел Б.
Таа изјави дека е свесна оти оваа информација ќе шокира некои луѓе, со оглед на тоа дека Гери е мажена за еден од тимските шефови на Формула 1, Кристијан Хорнер.
„Ете, го открив тоа. Готово. Ќе ме убие поради ова. Се надевам дека нема да се лути и да го демантира тоа, бидејќи всушност, сето ова е многу смешно“, заклучи Мел Б.