Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За неколкуте сè уште активни пожари на територијата на општина Кичево кои го зафатија тој регион деновиве главен виновник и фактор е човекот.
На страната на селото Попојани и шумските подрачја кои се поврзуваат со селото Строгомишта денеска избувна пожар, кој предизвика големи материјални и еколошки штети, а исто така и во селото Вранештица се гледа како горат дрвја
„Според првичните информации што ги поседуваме човечки фактор е причина за појава на пожарите. Затоа апелираме до граѓаните да не палат оган на полиња и на отворен простор. Од такви места огнот се шири низ многу делови и продира на највисоките планински површини“, се наведува во соопштението на општината.
„Ги поттикнуваме граѓаните да ја зголемат грижата за несоодветни акции и да ја зголемат својата совест, бидејќи негативните последици нè повредуваат сите нас.
Пожарникарите цело време работат на терен за да ги изгаснат пожарите, но нивниот капацитет не е голем, со оглед на регионот што го покриваат, се вели во апелот.