Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тимот на Вардар вчера запиша убедлива победа на гостувањето кај ППД Загреб од 27:18 и е на чекор од влез во четвртфиналето.
Вардар одигра одличен натпревар во кој блескаше голманот Дејан Милосављев кој на крајот беше избран за играч на натпреварот.
Меѓутоа „титулата“ за потег на натпреварот оди кај Стојанче Стоилов. Столе од една наизглед безизлезна позиција испрати магичен пас до Дибиорв, а Вардар доби пенал кој потоа во гол го претвори Чупиќ.