Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Изминатата 2018 година гигантот во спортската автомоблиска индустрија Porsche ја финишираше со рекордна заработувачка на комапнијата. Како награда за тој успех, секој вработен во компанијата ќе добие дебел бонус.
Во Porsche се исклучително горди на своите работници, знаат да го ценат, вреднуваат и наградат нивниот труд, посветеноста и квалитетот во работата. Секој од нив на банкарската сметка ќе добие по 9.000 евра за исполнување на нормата , а другиот бонус во изност од 700 евра за во пензискиот фонд на секој од вработените.
Тоа значи дека сите 25 000 работници добиваат по 9 700 евра , а парите ќе им легнат на сметките со платата за април. И лани работниците на Porsche за добро завршената работа во 2017 добија бонус од 9.656 евра.
Минатата година компанијата има за 4% повеќе испорачани автомобили, односно 256 255 , а при тоа приходите се зголемени за 10% на 25,8 милијарди евра.