Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според анализите на швајцарската инвестициска компанија UBS, летовите со ракета во многу скора иднина би можеле да станат комерцијални и да го направат патувањето со авион непотребно и бавно.
Анализите на UBS велат дека со ракетата на Илон Маск, Спејс Икс , патувањето од Лондон до Њујорк би траело само 29 минути, а до Сиднеј помалку од еден час.
Швајцарската компанија предвидува дека пазарот на ракетни патувања до 2030 ќе вреди речиси 20 милијарди долари.
Од UBS предвидуваат и дека индустријата на цселенски туризам до 2030 ќе вреди окоолу 3 милијарди долари.
Таквите патувања ќе бидат многу исплатлив бизнис за компаниите Спејс Икс на Маск и Вирџин галактик на милијардерот Ричард Бренсон, оценува швајцарската инвестициска компанија.