Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Освен што е најдобар во светот на тениските терени, Новак Ѓоковиќ на дело покажа дека одлично „барата“ и со фудбалската топка.
Ѓоковиќ во очекување на стартот на АТП Мастерсот 1000 во Мајами и мечот против Бернард Томиќ се релаксира играјќи мал фудбал.
Популарниот Ноле во последно време многу често заедно со својот тим е на фудбалскиот терен.
Најдобриот светски тенисер сега уште еднаш потврди дека одлично игра фудбал, Ноле постигна гол со глава како вистински центарфор и тоа во игра на мали голови.
When did @Cristiano get here? ?@DjokerNole | #MiamiOpen pic.twitter.com/TigwKKrD6s
— ATP Tour (@ATP_Tour) March 21, 2019
Ѓоковиќ својата „мајсторија“ ја постави на социјалните мрежи, каде го означи и Кристиано Роналдо, за и тој да го види овој негов потег.