Дали комбињата од земјоделие можат да станат комбиња за итна помош?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според упатените и експертите за амбулантни возила кои се користат за итна помош, возило што не е фабрички направено да биде за брза помош, не може да си игра брза помош. Затоа и фабриките имаат посебен оддел за специјализирани возила, вака дел од упатените ги коментираат плановите на здравствените власти за пренамена на возила за брза помош, пренесува Телевизија 24.

Кирил Николовски, поранешен доктор во службата за итна медицинска помош, вели дека и самиот имал лошо искуство со возење во адаптирани амбулантни возила.

„Сум се возел и во такво пренаменето амбулантно возило и буквално секогаш кога сме носеле пациент, од возилото излегувавме и ние болни – и персоналот и пациентите. Тоа возило фабрички е направено да биде товарно, има крути амортизери и возењето на пациенти позади каде што треба да биде товарот нема споредба, затоа што пациент со инфаркт на пример има страшни болки, гадење, повраќање и дополнително возењето во такво возило ќе му предизвика дополнително гадење. Во фабриките се прават специјализирани оддели за такви специјализирани возила.“ – вели Кирил Николовски – Поранешен вработен доктор во Служба за итна медицинска помош.

Возилата од министерството за земјоделие (на фотографијата погоре) кои ќе треба да се пренаменат во возила за Брза Помош биле набавени во 2011-та година. Станува збор всушност за мобилни канцеларии во кои се давале советодавни услуги на граѓаните. Според министерството за земјоделие возилата се минимално употребени. Министерот Филипче, нема одговор колку би чинела пренамената на возилата, каде ќе се адаптираат и дали воопшто може да послужат за брза помош. Анализи допрва ќе се прават.