Падна примирје: Икарди се враќа во тимот на Интер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Маури Икарди веќе повеќе од еден месец натпреварите на Интер ги следи од трбините откако одби да тренира заедно со тимот.

На Икарди најпрво му беше одземена капитенската лента, а причините за тоа клубот официјално се уште не ги соопшти. Од тогаш Аргентинецот одби да игра под изговор дека е повреден.

Иако лекарските прегледи утврдија дека Икарди не ја зборува вистината и дека е спремен за игра, сепак аргентинскиот напаѓач одбиваше да тренира со остатокот од тимот, а тренерот Спалети и понатаму одбива да го повика за натпреварите.

Многумина ја обвинија неговата сопруга и менаџер Ванда Нара за целиот скандал, бидејќи се започна околу одолговлекувањето на потпишување нов договор.

Раководството на Интер во последните недели имаше неколку состаноци со играчот и неговата сопруга, а последните информации од Италија потврдуваат дека конечно двете страни договориле примирје.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Икарди од утре ќе се врати на тренинзите со остатокот од тимот и ќе ја искористи репрезентативната пауза за да ја врати формата.

Аргентинецот сигурно ќе биде повикан за следниот меч против Лацио кој на програмата е на 31-ви март, но најверојатно мечот ќе го почне од клупата.