Фрчат оставки во Холивуд откако Кирк призна дека добивала улоги „во кревет“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


54-годишниот директор на филмското студио „Ворнер Брос“, Кевин Цуџихара, си поднесе оставка од неговата позиција, откако беше иницирана истрагата за неговата врска со 26-годишната актерка Шарлот Кирк.

„Најдобро за компаниите „Ворнер Медиа“ и „Ворнер Брос“, како и за нашите вработени и партнерите е тој да се повлече од функцијата“ – изјави завчера директорот на Ворнер Медија, Џон Станки.

54-годишниот Цуџихара си даде оставка од директорската позиција на едно од најмоќните и највлијателни холивудски филмски студија, окако актерката Кирк призна дека била во интимна врска со него која започнала во 2014 година, кога двајцата една вечер уживале со мартини.

Медиумите информираат дека директорот и актерката си размениле СМС-пораки со кои Цуџихара ѝ ветува улога во филм на актерката. Таа потоа и добила улога во филмот „How to Be Single“, за потоа да учествува и во „Ocean’s 8“, во продукција на „Ворнер брос“.

Кирк изјави дека никогаш додека била во сексуална врска со директорот не барала од него филмска улога. Таа додава и дека жали за неговата оставка, бидејќи врската одамна била завршена.