Новата реклама за iPhone сериозно може да ги налути Google и Facebook


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во својата нова реклама за iPhone, Apple успеа да се подбива со Facebook и Google, притоа без воопшто да ги спомене двата технолошки гиганти.

Централната тема на новата реклама за iPhone е приватноста, а факт е дека и двете споменати технолошки компании се најдоа на мета на јавната критика поради протекувањето и злоупотребата на лични податоци од нивните корисници.

Во рекламата гледаме луѓе кои на разни начини се обидуваат да ја заштитат својата приватност, а на крајот следи заклучокот: „Ако приватноста ви е важна во животот, таа би требало да биде важна и за телефонот на кој се наоѓа вашиот живот“.

Ова не е прв пат Apple да се досети да ја искористи човечката потреба за приватност во маркетиншки цели, потсетува USA Today. На технолошката конференција во Лас Вегас, оваа година, од Apple поставија рекламни паноа со пораката: „Што се случува на iPhone, останува на iPhone“.