Заев категоричен: „Не ни помислувам за смена на Катица Јанева“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во интервју за МИА, премиерот Зоран Заев категорично изјави дека не ни помислува да ја смени специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

„Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја“, вели Заев. Додава дека е подготвен да разговара со опозицијата за секое аргументирано прашање.

За власта е неприфатливо барањето на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал. Министерката Дескоска смета дека според стратешките определби СЈО треба да продолжи да работи како Обвинителство, а не како одделение. За опозицијата неприфатливо СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира.