Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од членовите на легендарните „Пинк Флојд“, славниот Роџер Вотерс, јавно апелираше и ги повика сите земји кои се на листата на учеснички од овогодинешниот Евросонг кој треба да се одржи во Тел Авив, Израел, да ја бојкотираат манифестацијата и да го откажат своето учество.
Култниот музичар, кој денес е претставник и на движењето за бојкот и санкции против Израел, повика натпреварувачите „да застанат рамо до рамо со Палестинците”.
„Да покажеме солидарност со 189-те невооружени демонстранти кои минатата година беа убиени од израелски снајперисти, меѓу кои и 35 деца“, наведува Вотерс, повикувајќи се на податоците од независната Комисија за истрага на Обединетите Нации околу протестите во Појасот Газа, објавени во февруари.
Според тој извештај, 154 од убиените биле невооружени. Израелските власти, односно премиерот Бенјамин Нетанјаху ги отфрлаат ваквите тврдења.
Пејачот-гитарист во јануари, заедно со уште петмина други британски ѕвезди, го повикаа и Би-би-Си да не го пренесува Евросонгот во Тел Авив закажан за во мај.