Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Велосипедист или возач на мотоцикл не смее да води домашно милениче со себе додека управува со едно од овие две превозни средства. Во спротивно, казната која е предвидена за ваков прекршок изнесува 50 евра.
Освен оваа мерка Законот предвидува и глоба од 50 евра ако возач на велосипед со помошен мотор, мопед, се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина над 25км/час.
Исто толкава глоба ќе заработи и велосипедистот или мотоциклистот ако ги симне рацете од управувачот, се придржува за друго возило или влече предмети. Казна од 50 евра ќе заработи детето до 14-годишна возраст и неговиот родител поради превезување на други лица на велосипедот. Задолжителен е шлемот на глава, рефлектирачки елек во ноќни услови, а глобата е исто така 50 евра.
Велосипедистите коишто, особено кога е потопло времето, сакаат да ги растрчаат своите миленичиња возејќи истовремено велосипед велат дека никому не пречат со тоа што го носат кучето со себе.