Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Авиопревозникот „Виз Ер“ од денес пушта во оптек две нови авио линии од скопскиот аеродром.
Два пати неделно ќе се патува до Баден-Баден, секој вторник и сабота, а исто така два пати неделно во среда и недела ќе има лет и до Бремен. Првиот лет за Бремен од скопскиот аеродром е планиран за утре во 11:50 часот.
Со овие две дестинации, скопскиот аеродром директно е поврзан со вкупно 39 дестинации кон кои летаат 13 авиокомпании. Двете нови авиолинии од скопскиот аеродром, како и новите авиолинии од охридскиот аеродром се дел од договорот за финансиска поддршка што Владата го потпиша со авиокомпанијата „Виз ер“.