Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Благодарение на режисерот Кери Фукунага, кој е гласен и посветен поборник за еколошко освестување и создавање на поздрава животна средина, ликот на тајниот агент 007 во новото продолжение од франшизата за Џејмс Бонд ќе вози електричен семеен автомобил.
Филмовите Џејмс Бонд покрај по убавите девојки, интересните оружја, мартинито, секако се познати и по автомобилот на тајниот агент.
Посебно место секако заземаат спортските модели на „Астон Мартин“, посебно легендарниот „ДБ5“.
Џејмс Бонд возеше и Бентли, Форд, сите носталгично се сеќаваат на „Лотус Есприт“ кој во филмот „Шпионот кој ме сакаше“ се преобразуваше во подморница.
Сите овие модели имаат една заедничка особина, брзината и славното „турирање“ на Џејмс Бонд кој често минува на црвено. Сето ова ќе го нема во новото продолжение од серијалот.
Имено, според британскиот таблоид „Сан“ Даниел Крег во новиот Џејм Бонд филм ќе вози електричен автомобил.
Проектираната максимална брзина на овој електроавтомобил е 250 км на час, а до брзина од 100 километри ќе стигнува за помалку од 4 секунди, автомобилот ќе има импресивно меѓузабрзување, ќе му биде потребна само една ипол секунда за од 80 км на час да стигне до брзина од 112 км на час.
Иако се шпекулираше дека тоа би можел да биде автомобилот на годината во Европа „Јагуар “ сепак режисерот одлучил Даниел Крег да седне во тивкиот „Астон Мартин Рапид Е“ кој засега е во оптек само во концептуална форма.
Моделот е базиран на автомобилот „Рапид С“ има, електро погон со сила од 610 коњски сили, и обртен момент од 950 Нм, што го прави најмоќниот модел од серијата Рапид.