Го изгради најкраткиот автопат во светот само за да ги резили романските власти


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бизнисмен од Романија за инает изгради автопат во должина од еден метар на североистокот од земјата, во знак на револт и протест против лошата патна инфраструктура во Романија, за да ги изрезили романските власти поради нивната негрижа за тој сектор.

Романија има една од најкратките мрежи на автопатишта во ЕУ од само 806 километри за целата земја, иако има територија скоро еднаква на Велика Британија која има околу 4.000 километри, наведува „БиБиСи“.

Британија при тоа не е ни меѓу земјите на ЕУ со најголема патна мрежа, најмногу има Шпанија со 16.000 километри, а следува Германија со 14.000 километри, според податоците на „Евростат“.

Мандачи за BBC изјавил дека целта му е да го обедини народот во напорите да имаат автопатишта. Автопатот на парцела во негова сопственост во близина на фреквентниот главен пат симболично е изграден во Сучава, област без автопатишта. Тој изјавил дека тој регион е единствен во Романија каде воопшто нема автопатишта.

„Немаме ни еден метар автопат па се одлучив да изградам метар и да покажам оти тоа е можно“ – изјавил Мандачи за BBC.

Сообраќајот на најблискиот пат е во застој затоа што неколку приврзаници се пријавија да присуствуваат на таканареченото отворање на автопатот.

Беа присутни и неколку медиуми, како и возило за итна помош и противпожарно возило, додека мал авион прелетувал со натпис со кој се бараат автопатишта.

Насобраните луѓе гласно скандираа додека Мандачи ја пресекувал лентата за да го отвори тоа што го нарекле „споменик автопат“.