Актерката која отворени си призна дека добивала улоги на „кастинг во кревет“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шарлот Кирк е британска актерка која, во изјава за британските медиуми, отворено и без задршка си призна дека дел од нејзините филмски улоги ги добила преку кревет, бидејќи така сакала таа.

Шарлот открива дека Џејмс Паркер, познат милијардер и поранешното момче на Мараја Кери ѝ испратил СМС порака во која таа добила „понуда која не може да ја одбие“.

„Дојди веднаш во хотелот во Бел Ер. Имам животна можност за тебе, никогаш ќе нема да можеш да му се оддолжиш. Ќе те запознае со најважниот човек кој некогаш ќе го запознаеш”, напишал тој.

Тогаш 21-годишната Шарлот, не размислувала многу, туку признава дека веднаш заминала во споменатиот хотел, каде го запознала Кевин Цуџихара, главниот човек на “Warner Brothers”. Во хотелската соба поминале два часа и така започнал неговиот систем “кревет кастинг”, открива Daily Mail.

Цуџихара десно

Цуџихара моментално е на мета на истрага поради тој скандал и морал јавно да им се извини на вработените, сопругата и целата индустрија.

Шарлот, од своја страна го брани посрамотениот Кевин и вели дека со него спиела неколку пати, но само поради тоа што таа сакала. Daily Mail пренесува дека таа добила улоги во филмовите “Vice”, “Ocean’s Eight” и други.