Поскапувања и поевтинувања: Од ноќеска нови цени на горивата

горива

Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со најновата одлука донесена од Регулаторна комисија, горивата од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по нови цени.

Додека цените на бензините се зголемуваат за 1.50 денари, дизелот поевтинува за 0.50 денари.

Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 1.50 денари – па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 66.00 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 67.50 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ гориво од ноќеска ќе се точи по цена од 60.50 денари за литар.

Почнувајќи од полноќ на сила ќе стапат новите цени на нафтените деривати кои ќе важат се до следните две недели.