Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жозе Мурињо после отказот од кормилото на Манчестер Јунајтед работи како стручен коментатор во Англија додека го чека својот нов ангажман.
Португалскиот стратег се поврзуваше со неколку европски гиганти, најмногу со Реал Мадрид. Сепак, не дојде до договор со „кралевите“, па јасно е дека ќе го чека крајот на сезоната за нов ангажман.
Викендов Мурињо повторно гостуваше во ангглиската телевизија како стручен коментатор, па конечно дочека шанса да му се одмазди на Пол Сколс.
Имено, Сколс жестоко го критикуваше Мурињо додека овој ги предводеше „црвените ѓаволи“, а потоа и самиот заплови во тренерските води и беше назначен за менаџер на Олдам.
Меѓутоа, Сколс на клупата на Олдам се задржа само 31 ден, по што си поднесе оставка на менаџерската функција.
Сколс беше еден од најголемите критичари на Мурињо додека овој работеше во Јунајтед, па сега Португалецот дочека да му се одмазди со ироничен коментар.
„Сколс ме критикуваше додека бев менаџер во еден од најдобрите клубови во светот, а тој остана во Олдам само 31 ден. Подобро му е да се врати во студио“, изјави Мурињо.