Стратешките објекти во Венецуела ќе ги штити новоформирана воена команда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако неодамна цела земја беше без струја поради масовниот прекин во снабдувањето со електрична енергија, венецуелските власти формираа воена команда за да се заштитат стратегиските објекти.

Ова го објави претседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој кажа дека службата е формирана за да се заштитат главните стратешки служби.

Според него, командата ќе се состои од четири вода на војската чии задолженија ќе бидат надзор на работата на стратешките објекти и нивна заштита од физички и сајбер напади.

На почетокот на март, престолнината Каракас и 20 од 23 региони на Венецуела останаа без струја, а Националната компанија за електрика соопшти дека прекинот е предизвикан од инцидент на најголемата хидроцентрала во земјата.

За инцидентот Мадуро ги обвини Соединетите Американски Држави.

Нормалното снабдување со струја беше повторно воспоставено на 12 март.