Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
33-годишната Имане Фадил, која на малолетна возраст беше редовна гостинка на разузданите блудничења и „бунга-банга“ забави кои ги организираше Силвио Берлускони почина под матни и неразјаснети околности.
Ненадејната и неразјаснета смрт на убавицата се истражува како убиство, соопштија судски извори. Манекенката Имане Фадил почина во болницата во Милано на 1 март, каде отишла поради силни болки во стомакот. Тогаш на своите пријатели и на адвокатот им рекла дека е отруена.
Имане на судењето на Берлускони во 2012 сведочеше против него за плаќање малолетни проститутки на неговите забави.
Поранешниот премиер прво беше осуден, а потоа ослободен во жалбената постапка. Подоцна е осуден за затајување данок и мораше да работи општо корисна работа.
Главниот обвинител на Милано , Франческо Греко изјави дека во медицинската документација на Имане има многу неправилности.
„Докторите со сигурност не открија никаква тешка болест, што би можела да ја објасни нејзината смрт.” изјави обвинителот.