Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Phishing и оваа година се третира како голема закана, а во 2018 е забележан зголемен ризик од напади врз развојот и процесот на надоградба на софтвер
Мајкрософт деновиве го објави 24-тиот извештај за онлајн безбедноста познат како Microsoft Security Intelligence Report (SIR). За подготовка на овој извештај секојдневно Мајкрософт анализира над 6,5 трилиони безбедносни сигнали со цел да добие широка и уникатна перспектива на последните трендови во доменот на сајбер безбедноста. Веќе 10 години компанијата ги споделува своите експертски анализи и откритија вклучувајќи ги сознанијата во доменот на дигитална безбедност и најдобрите практики.
Заклучоците укажуваат на 60% пад на ransomwere нападите што секако се должи на свеста на компаниите за неопходноста од зголемена алертност и зајакната едукација, како и соработка со сигурни технолошки платформи кои нудат високо ниво на безбедност.
Во фокусот на онлајн безбедноста се појавува и ризикот од „копање“ криптовалути базирано на веб пребарувач односно софтвер лоциран на серверот на веб страната. Вообичаено „копачите“ на криптовалута се инсталирани на компјутерите на жртвите, но нов вид на дигитална закана се пoјавува во облик на малвер сместен во пребарувачот и истиот воопшто нема потреба да се инсталира во компјутерот на корисникот.
Во 2018 година е забележан зголемен ризик од напади врз развојот и процесот на надоградба на легален софтвер со цел да се добие пристап до софтверот и системите на корисниците. Вметнувајќи штетен код во софтверот или неговата надградба напаѓачите ги добиваат истите доверба и пристап до податоците на корисникот како легалниот софтвер. Ова е причина за сѐ поголема загриженост на ИТ лидерите бидејќи ваквите напади може во голема мера да ги направат ранливи компаниите.
Phishing како измамнички метод за да се стигне до личните податоци на корисниците (лозинки, пин кодови, банкарски сметки итн.) за жал сеуште е популарен метод за напад на електронската пошта. Мајкрософт анализира над 470 билиони мејлови месечно скенирајќи за phishing и малвер. Во 2018 бројот на phishing пораки во inbound мејлови пораснал за 250% што покажува дека ова е сеуште многу популарен метод за напад од страна на сајберкриминалците.
Со цел да ја зајакне безбедноста на електронската пошта, Мајкрософт во континуитет работи на протоколи за детекција на вакви пораки како и на anti-phishing заштита.