Притвор за сопственикот и раководителот на „Дурмо-Турс“ за несреќата кај Ласкарци


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На сопственикот и на раководителот на превозникот „Дурмо Турс“ судија во претходна постапка синоќа им одреди мерка притвор во рамки на истрагата за случајот со автобуската несреќа кај селото Ласкарци.

На третоосомничениот, едно од лицата одговорни за технички преглед, му е одредена мерка куќен притвор.

За четвртоосомниченото лице, исто така одговорно во „Дурмо турс“ за технички преглед, се прифатени бараните мерки на претпазливост од ОЈО, а за другите тројца, меѓу кои и возачот, постапката во Судот се уште трае.

Според официјалната изјава на Јавниот обвинител од ОЈО – Скопје Сашо Рајчев, кој вчера се обрати на прес-конференција, главна причина за несреќата се неисправните сопирачки на автобусот и преголемата брзина со која се движел.