Вчера ги елиминира, денес го сакаат на кормилото: Баерн тргнува по Клоп


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Баерн Минхен синоќа беше елиминиран од Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампиони, а како главен виновник за поразот медиумите го посочија тренерот Нико Ковач.

После мечот првата ѕвезда Роберт Левандовски јавно ја критикуваше тактиката на хрватскиот стратег, а денес германските медиуми пренесуваат дека неговата позиција во клубот е разнишана.

Ковач го „преживеа“ слабиот старт на сезоната, но веројатно Баварците нема да му ја простат раната елиминација во Лигата на шампиони, па на лето ќе му врачат отказ.

Медиумите тврдат дека челниците на Баерн веќе ја започнале потрагата по нов тренер, а легендарниот Франц Бекенбауер испрати јасна порака до раководството и смета дека идеален кормилар би бил Јирген Клоп.

„Клоп во Баерн би било навистина фантастично решение, зашто тој е човекот кој ги научи Германците на брз фудбал“, изјави легендарниот Бекенбауер.

Ова не е прв пат Баварците да се поврзуваат со ангажман на Јирген Клоп, но сега тоа веријатно ќе биде тешка мисија, бидејќи Германецот има долгорочен договор со Ливерпул и во неколку наврати истакна дека е среќен во Англија.