Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пресметаната вредноста на бројот „Пи“ достигна нов светски рекорд во должина од 31 трилион цифри, со кој беше срушен претходниот рекорд од 22 трилиони цифри.
Ема Харука Ајва од Јапонија, вработена во Google, откри нови цифри во пресметката на вредноста на бројот „Пи“ со помош на системот за „компјутерска обработка во облак“ од Google.
Лудолфовиот број или Архимедовата константа познат и како „Пи“ е бројот кој се добива кога обиколката на кругот ќе се подели со неговиот дијаметар. Неговите први три цифри, поточно целиот број и двете децимали, 3,14 станаа препознатлива бројка за бесконечно долгиот број.
„Пи“ се користи во областа на инженерството, програмирањето, физиката, суперкомпјутерите и вселенските истражувања, бидејќи неговата вредност може да се користи за пресметување на брановите, круговите и цилиндрите.
Потрагата по долга верзија на вредноста од „Пи“ има епски димензии низ минатото меѓу математичарите. Ајвао вели дека е фасцинирана од бројот „Пи“ уште кога се запознала со него како дете.
За поставување на нејзиниот светски рекорд во најдолга пресметка на вредноста на „Пи“ таа користела 170 терабајти податоци (за споредба 200.000 песни зафаќаат простор од 1 терабајт) и 25 виртуелни машини, а пресметката траела 121 ден.
„Се чувствувам изненадено“, изјави Ајвао за нејзиниот успех. „Уште се обидувам да се прилагодам на стварноста. Поставувањето на овој светски рекорд беше навистина тешко“, додаде таа.
„Нема крај со Пи, но би сакала да се обидам да дојдам до пресметка со уште повеќе цифри“, вели таа за BBC News.