Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новото насилно однесување на избувливиот „луд Ирец“ Конор МекГрегор го стави привремено зад решетки откако беше уапсен пред еден ноќен клуб во Мајами.
Конор заедно со семејството е на одмор на Мајами, каде синоќа излегол во популарен клуб. Во 5 часот изутрина Конор го напуштил клубот во друштво на обезбедување, пред клубот го чекале неколкумина негови обожаватели кои сакале да го фотографираат или да направат селфи со славниот „фајтер“.
Конор наводно прилично се изнервирал кога забележал како еден од нив сакал да го фотографира, дури му го зел телефонот. Поточно, го урил по рацете по што телефонот му паднал на земјата, за потоа боксерот да се наведно со намера да го земе телефонот.
Снимките од безбедносните камери покажале дека Конор потоа неколку пати го изгазил паднатиот телефон.
По инцидентот некој повикал полиција и Конор бил уапсен. Осомничен е за напад и грабеж, МекГергор е пуштен од затвор откако платил кауција од 12.500 долари.