Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
59-те гласа „против“ наспроти 20-те гласа „за“ и 10-те воздржани на гласањето во Собранието на Република Северна Македонија му ја зачуваа министерската фотелја во внатрешни работи на Оливер Спасовски. На гласањето за интерпелација која ја поднесе опозицијата му претходеше жестока дебата.
Координаторот на пратеничката група од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски обвини дека Спасовски е неспособен да го води МВР, а доказ за тоа, како што вели, се неразјаснети убиства, мистериозни исчезнувања на граѓани, одмазда и реваншизам кон неистомислениците, како и за нелегални тендери за автомобили.
„Уште колку човечки животи треба да згаснат за Оливер Спасовски да сфати дека е неспособен да го води МВР. Уште колку крвави пресметки треба да се случат за Оливер Спасовски и СДСМ да престанат да ги штитат криминалните банди кои дивеат низ Скопје и државата, изјави Мицевски.
По што министерот Спасовски демантирајќи ги наводите потсети на неговата претходничка.
„Немате тендер кај што не сте краделе. На спајалици сте ќарувале. Од фирмите за чистење сте ќарувале по милион евра секоја година. Чавков за 700.000 евра има набавено 25 возила за МВР. За милион евра во мое време, набавени се 45 исти такви возила“, порача Спасовски.
„Целиот апарат и сите органи на прогон се впрегнати во политички цели на СДСМ “ посочи од собраниската говорница Мицевски.
Следуваше и одговор од Спасовски дека заврши времето на МВРО-ВМРО.
„Како прво, не апси МВР, туку обвинителството. А и кога апсиме, тоа не се функционери, туку криминалци на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна Спасовски, одговарајќи на коментарите дека се прикриваат убиства.