Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Паралелно со прилепскиот прочкарски карневал, викендов во Струмица се одржа и познатиот струмички карневал.
Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра Заева, заедно со нејзиното момче беа дел од струмичкиот карневал, а оваа година без маска остана нејзиниот татко кој на карневалот учествуваше немаскиран.
На маскенбалот имаше многу бројни гости од владата на Република Македонија, како и многу бројни амбасадори од различни земји.
Премиерот Зоран Заев заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар и министерот за надворешни работи Никола Димитров и други министри, синоќа присуствуваа на Струмичкиот карневал и заедно се сликаа со маскираните.
Струмичкиот карневал е годишен карневал што се одржува во Струмица и е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Македонија, којшто отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на одржување, така и по својата цел и функција.