Шокантно видео: Полицаец со 14 куршуми усмрти возач во САД


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Полициските служби од Литл Рок, Арканзас, САД, јавно објавија снимка од инцидентот во кој бил вмешан еден нивни полицаец кој со 14 истрелани куршуми го усмртил возачот на едно возило кое било пријавено како украдено. Возачот починал на лице место.

Инцидентот се случил на 22 февруари. До трагедијата дошло откако полицаецот Чарлс Старкс го сопрел возилото кое било украдено, а според полицискиот извештај, осомничениот Бредли Блекшир не се придржувал до наредбите од полицискиот службеник и продолжил да вози напред.

На снимката која е објавена, на самиот почеток не се гледа автомобилот, но може да се слушне како Старкс му наредува на Блекшир да го напушти возилото.

Меѓутоа, тој полека продолжил напред, за потоа полицаецот да почне да пука.