Деканот на Шумарски факултет со јавен демант за неподнесување анкетен лист


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Професор д-р Кирил Сотировски деканот на Факултетот на Шумарскиот факултет при УКИМ ја демантира информацијата на антикорупциската комисија дека не поднел анкетен лист.

Во врска со вчерашното соопштение на ДКСК, пренесено и во вашиот медиум, во кое беа посочени функции/лица од академската заедница кои не поднеле анкетни листови за нивната имотна состојба во моментот на стапување на функција, а меѓу кои бев посочен и јас, проф. д-р Кирил Сотировски, во својство на декан на Шумарскиот факултет во Скопје при УКИМ, изјавувам под целосна материјална и морална одговорност дека соодветните документи се навремено поднесени од моја страна.

Во прилог на писмово ви проследувам скенирана прва страна од анкетниот лист кој го имам поднесено на 29 декември 2016г., по моето назначување за в.д. декан на Шумарски факултет, на 23.11 2016г. На пријавата е видлив печатот за прием на документот од Генералната дирекција на управата за јавни приходи. Истовремено ве известувам дека на истиот датум (29.12 2016г.) поднесов и „Изјава за интереси” во архивата на ДКСК.

Во текот на денешниот ден истите документи ќе ги приложам во ДКСК, доколку е потребно во целост, за да од нивна страна биде исправен пропустот.

Со почит,

проф. Сотировски