Внукот од Тито: Мојот дедо ми призна дека ОВАА му е најголемата грешка во животот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Јосип Јошка Броз, внукот на Јосип Броз Тито, гостуваше во утринската програма на Happy TV. Во ова гостување тој откри дека неговиот дедо му ја признал најголемата грешка која ја направил, но и некои други детали кои ја заинтригираа јавноста.

Јосип Јошка Броз на гостувањето откри што му признал Тито после една операција, кога овој го прашал која му е најголемата грешка што ја направил.

„Тоа што го пуштив уставот од 1974 година. Не го потпишав истиот, иако десет дена беше кај мене на маса. А не му ставив ни вето“, му рекол Тито на својот внук. „Тоа беше почетокот на распадот на Југославија, партијата, републиката и сè останато“, му дообјаснил Тито.

На прашањето зошто не ставил вето, Тито на Јошка му рекол дека не смеел да дозволи да биде надгласан во Собранието. „Можев да ставам вето, згрешив што не го направив тоа“. Освен тоа, Јошка откри детали од односот на Тито и Јованка.

Откри дека Јованка многу го сакала Тито, но дека таа љубов во еден момент преминала во параноја. За муабетите дека Јованка била желна за власт, Јошка тврди дека се лага. „Сакаше да го заштити и претера во многу работи поради тоа“, објасни Јошка, додавајќи дека Тито не сакал Јованка да се меша во политиката.

Внукот на маршалот ги отфрли и муабетите дека Тито, всушност, умрел еден ден порано, а не на 4 мај. „Дедо ми почина тоа утро, на 4, мај. На трети мај вечерта му проработија очните капаци, почнаа да се мрдаат“, вели Јошка. Лекарите им кажале дека тие биле последните знаци на живот. „Утрото отидов таму, го бакна, па седнав во авион и заминав за Белград. И сега некој ќе ми кажува дека сум бакнал мртов човек. Немој сега некој да ми зборува такви глупости“, објасни Јошка.

„Тито беше легнат во метален сандак кој беше заварен. А потоа, оној началник на некогашната ДБ, она ѓубре од човек, почна да зборува дека внатре бил ставен песок. Дека народот бил измамен. Второ, не се одвојував од тој ковчег до самиот погреб. Во два часот ноќта дојде дигалка и ја стави плочата тешка девет тона и дури тогаш си заминав дома“, раскажа Јошка.