Армиските унапредувања под палка на Иванов под лупа на Антикорупциска


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Антикорупциската комисија ги става под лупа за непотизам унапредувањата во Армијата кои беа направени од страна на претседателот Ѓорге Иванов чиј мандат истекнува наскоро.

Првиот човек на Антикорупциска, Билјана Ивановска, изјави дека ја отвораат постапката, бидејќи унапредувањата и именувањата се направени во изборен период што е забрането според Изборниот законик.

„Ќе доставиме барање до претседателот Ѓорге Иванов да ни биде доставена целата документација, за да постапиме по предметот” рече Ивановска.

Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов испрати став за Антикорупциска која ги чешла предизборните укази.

Донесените укази на претседателот Иванов се согласно член 18 од Законот за одбрана, со кој Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали (точка 11) и поставува и отповикува воени претставници на Републиката во странство (точка 12).

Указите се донесени на предлог на МО и ГШ на АРМ, согласно нивните надлежности, во постапка која траеше неколку месеци, а претставува редовна обврска во делокругот на непречено функционирање на државата.

При донесувањето на шестте укази се испочитувани одредбите од Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупција.

Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овие случаи со што би се отстраниле појавените шпекулации во јавноста, стои во соопштението.