По „онадење“, нема каење: Р. Кели со плачење тврдеше дека не е силувач


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американскиот рапер Р. Кели, на гостувањето на една телевизиска емисија, се расплака додека тврдеше дека обвинението подигнато против него за силување на жени и малолетни девојчиња е глупаво и лажно.

Пејачот низ солзи рече : ,,Не сум ги правел тие работи, тоа не сум јас, се борам за својот живот!”

Кели вели дека обвиненијата се апсурдни и ги повика гледачите да размислуваат со здрав разум, а нагласи и дека во сличен случај еднаш веќе бил ослободен од обвинение. Тој ги отфрли и обвиненијата дека држел девојки против нивната желба, зашто тој е музичка ѕвезда и нема потреба наеднаш да држи три или пет девојки за сексуално да ги злоставува.

Минатиот месец против пејачот беа покренати десет обвиненија за сексуално злоставување . Се товари и дека злоставувал три деца на возраст од 13 до 17 години.

Се наведува дека користел закана со сила или сила.Неговиот адвокат тогаш изјави дека пејачот е невин, а сите жени лажат во сведочењата. По секое од 10 – те обвиненија на пејачот му се закануваат од 3 до 7 години затвор.