Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Под наслов „Rambo: Last Blood”, оваа година, на големо задоволство на обожавателите од овој акционен лик, пристигнува петтото продолжение со воениот херој Џон Рамбо. Ова петто продолжение од франшизата за Рамбо, воедно, ќе биде и последно во серијалот акциони филмски хитови со овој лик.
Според последните информации, премиерното прикажување на „Rambo: Last Blood“ треба да биде 20-ти септември 2019 година. Продукцијата на филмот е потпишана од „Lionsgate”.
View this post on Instagram
Филмската приказна од ова најново издание на Рамбо го следи легендарниот херој на неговото патување во Мексико со цел да ја врати киднапираната ќерка на неговиот пријател. На ова епско патување ќе се соочи и судри со еден од најнасилните мексикански картели.
Иако првично снимањето на ова продолжение од сагата за Рамбо Силвестер Сталоне го најави во 2015 година, продукцијата беше започната со задоцнување, дури во октомври 2018 година. Режијата на „Rambo: Last Blood“ ја потпишува Адриан Грунберг. Сценариото го напиша лично Сталоне заедно со Мат Цирулник.
View this post on Instagram
Освен Сталоне, во останатите улоги во филмот ќе се појават: Ивет Монреал во улогата на киднапираната девојка Габриел, Паз Вега како Кармен Делгадо, репортерка која ја следи трговијата со дрога во Мексико и му помага на Рамбо.
Серхио Перис-Менчета ќе го глуми Хуго Мартинез, насилниот лидер на мексиканскиот картел, а во „Rambo: Last Blood” се очекува да се појават и Адриана Бараза, Оскар Џаенада и Хоакин Косио.