Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На вратата од еден ресторан за брза храна, наместо љубезен персонал, муштериите ги пречекала една рачно напишана порака закачена на влезот од ресторанот.
Сите вработени заедно поднеле колективен отказ и на гостите им оставиле порака во која велат дека новите сопственици не се грижат за никој друг, освен за самите себе, а своите вработени ги третира како ѓубре.
The entire workforce at the Sonic in Circleville, Ohio just quit en masse to protest their new management and workers least two other Sonics in the area did the same. Check out the lovely note the Circleville workers left. pic.twitter.com/onSNUMImMb
— Eric Blanc (@_ericblanc) February 24, 2019
„Предолго премногу работевме. Сега сакаме подобри работи. Нашиот тим одбива да работи за газди кои своите вработени ги третираат како гомна. Нови сопственици, ебете се ”, стои меѓу другото во пораката од вработените, која многу бргу стана милионски споделуван вирален хит на социјалните мрежи.
Локалните медиуми на ова додаваат и дека уште во два ресторана од истата компанија во други градови, се случил сличен инцидент, поттикнати од колегите во Охајо. Тие навеле дека новите сопственици им ја намалиле платата на 4 долари на час.
Иронично, и после ваквите случувања, од компанијата за брза храна велат дека и натаму ветуваат подобрена услуга и одлична храна.