Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во рамки на случајот „Империја“, кој е под ингеренции на СЈО, Сашо Мијалков доби нови 30 дена домашен притвор. Одлуката за оваа првентивна мерка ја потврди Апелација.
Адвокатскиот тим кој го застапува Мијалов во судскиот процес оваа одлука може да ја обжали пред Врховниот суд кој, како што е познато, донесе правно мислење дека за истрагите отворени по истекот на рокот од 18 месеци, СЈО е неовластен тужител, меѓу спаѓа и предметот „Империја“.
Покрај Мијалков, во истрагата во овој предмет, опфатени се и Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, кои се сомничат сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.