Покетино и Сон ги собраа фудбалските награди на Лондон


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Двајцата претставници на Тотенхем ги добија фудбалските награди на Лондон за минатата година.

Менаџерот Маурисио Покетено го доби признанието за најдобар тренер, додека ѕвездата на „спарси“ Хјун Мин Сон беше избран за најдобар фудбалер.

Минатата година Покетино заврши на третото место со Тотенхем во Премиер лигата, што е и актуелна позиција на тимот оваа сезона. Аргентинецот ја доби наградата пред конкурентите Маурицио Сари (Челзи), Лиј Бојер (Чарлтон), Џо Монтенмуро (Арсенал жени) и Хави Гарсија (Ватфорд).

Во 2018 година Сон постигна 19 гола за својот клуб, а добрата форма ја пренесе и оваа сезона каде постигна 6 гола на 10 меча. Јужнокореецот ја доби наградата пред Еден Азар (Челзи), Обамејанг (Арсенал), Андрос Таузенд (Кристал Палас) како и минатогодишниот победник и негов соиграч Хари Кејн.

Наградата за најдобар млад фудбалер отиде во рацете на 20-годишниот играч за врска Деклан Рајс, кој оваа сезона успеа да се наметне во првиот тим на Вест Хем.