Момче убиено во струшко Поум – убиецот сам се пријавил во полиција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Едно починато и едно повредено лице е епилогот од престрелката која се случи во струшкото село Поум.

МВР ја потврди информацијата појаснувајќи дека настанот се случил околу 18 часот и 40 минути во селото Поум, кога У.В. роден 1997 година од истото село пукал кон З.Б. (1996) и В.Б. (1973), а имало други лица.

Според полицијата, З.Б. починал, а В.Б. бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга.

Убиецот сам се пријавил во Полициската станица во Струга. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.