Претседателската кандидатура на Блерим Река поддржана од БЕСА и Алијанса за Албанците


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателската кандидатура на професор Блерим Река официјално доби поддршка од Алијанса за Албанците и движењето БЕСА. Ова го изјавија од двете споменати албански политички струи.

Оваа поддршка следеше откако претходно, преку социјалната мрежа Фејсбук, Река ја потврди својата кандидатура за шеф на државата.

Според двете партии, неговото богато академско и дипломатско искуство има потенцијал да ја зајакне функцијата претседател на државата.