Хаза ал-Мансури или Султан ал-Најади – кој ќе биде првиот арапски астронаут во вселената?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Обединетите Арапски Емирати оваа година ќе го „скршат“ небесниот лимит над нив и на 25 септември ќе го испратат својот прв астронаут во вселената.

Во игра се двајца астронаути – Хаза ал-Мансури или Султан ал-Најади, соопштија властите на оваа земја.

Тој ќе биде испратен на Меѓународната вселенска станица, но се уште не е одлучен кој точно од нив двајца, иако владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, нивните имиња ги обелодени уште минатиот септември.

ОАЕ има амбициозна вселенска програма и сака да го колонизира Марс до 2117 година, каде според нивните планови би бил формиран целосно функционален град за 600.000 жители.