Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец и член на италијанска Џенова, Горан Пандев денеска стави потпис на италијанско државјанство.
Популарниот Гоче на својот Инстаграм профил објави слика од чинот на потпишување. Тој покрај македонското сега има и италијанско државјанство.
Пандев скоро цела своја кариера ја помина низ клубови во Италија од кога пристигна на „Чизмата“ од редовите на струмичка Беласица во 2001 година.
Интер го доведе Пандев во Италија во таа 2011 година меѓутоа две години беше испраќан на позајмици во Спезија и Анкона каде што сепак не го убеди раководството на „нероаѕурите“ дека заслужува договор. Неговите квалитети ги забележа Лацио кој го доведе во 2004. Во Лацио Пандев играше одличен фудбал и се задржа пет години каде што на 159 натпревари постигна 48 погодоци.
Потоа Наполи го доведе на позајмица и го открпи неговиот договор. Во Неапол се задржа една две години. Тука следуваше краток прекин на престојот на Пандев во Италија и трансфер во Турција кадеш то го носеше дресот на Галатасарај.
Во Турција се задржа една сезона после што се врати на „Чизмата“ и денес се уште го носи дресот на еден од најстарите италијански клубови Џенова.
Ќе потсетиме неодамна Пандев најави дека сака со настап за Македонија на Европското првенство во 2020 да ја заврши кариерата.
„Не ми е лесно да влегувам во игра од клупата за резерви и да играм мала минутажа, особено не поради мојата возраст. Би сакал да продолжам да играм уште една година и потоа ќе заминам во пензија. Сакам да ја заокружам кариерата со пласман на Европското првенство со Македонија“