Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фубдалскиот свет вчера остана згрозен од потегот на младиот голман на Челзи, Кепа Аризабалага, кој оди да излезе во игра во финишот на второто продолжение во Лига Купот против Манчестер Сити.
Аризабалага се најде на општ удар на медиумите, јавноста, поранешните играчи поради скандалозното однесување во финалето од Лига Купот, а единствено во негова одбрана застана клубот, кој реши да не го казнува.
Британски „Стандард спорт“ од свои извори во врвот на Челзи дозна дека никаква реакција од клубот нема да има. Според нив, таа приказна заврши со помирливите тонови на Сари и Кепа по натпреварот, кога двајцата изјавија дека станува збор за недоразбирање.
Кепа два пати се пожали на повреда во второто продолжение, па Сари очигледно сметал дека трена да го замени и го испрати Кабаљеро, но шпанскиот голман одби да излезе од игра.
Сепак, главното прашање кое го поставуваат медиумите е дали судијата требаше да го казни Кепа поради овој потег?
Имено, Кепа има право да ја одбие измената, а доколку судијата утврди дека тој може да игра, тогаш се почитува одлката на играчот, а изгубеното време се надохнадува.
Правилото вели дека играчот не е обврзан да излезе дури и кога четвртиот судија ќе ја покаже измената. За тоа нема санкции и ако главниот судија утврди дека мечот може да породолжи, тогаш измената се смета како извршена.
Sarri tried to sub off Chelsea's goalkeeper, Kepa…but he refused to leave, and Sarri flipped out 😳
(via @SkyFootball) pic.twitter.com/cBWodJDyw3
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 24, 2019