Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Николас Мадуро, на митинг во Каракас, изјави дека ги прекинал дипломатските односи со Колумбија.
Според него Венецуела ќе протера некои колумбиски дипломати заради помошта на Колумбија за напорите на опозицијата за доставување хуманитарна помош.
„Трпението е исцрпено, не можам да трпам повеќе, не можеме да продолжиме со тоа колумбиската територија да биде користена за напади против Венецуела. Поради оваа причина решив да ги прекинам сите политички и дипломатски односи со фашистичката влада на Колумбија”, изјави тој.
Мадуро рече дека колумбискиот амбасадор и конзуларен персонал ќе мора да ја напуштат Венецуела во рок од 24 часа.