Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Судот во Илиноис му одреди кауција од 1 милион долари на раперот Р. Кели, откако беше уапсен под обвинение за сексуална злоупотреба на најмалку четири малолетни деца.
Американскит пејач Роберт Кели беше уапсен откако полицијата соопшти дека против него се покренати десет обвиненија за сексуални злоупотреби на малолетници. Судот изјави дека обвиненијата против Кели се вознемирувачки и му забрани контакт со лица помлади од 18 години.
После тоа, државната обвинителка на Кук Кантри, Кимберли Фокс, откри неколку нови детали за случајот против Кели, наведувајќи ги жртвите само со нивните иницијали. Таа наведе дека три од четирите жени кои Кели наводно сексуално ги злоупотребил, во моментот на сторените дејства имале помалку од 17 години.
Откакао му зеде исказ, судот во Илиноис му одреди на Кели кауција од еден милион долари. Според пишувањата од американските медиуми, во случај да биде осуден за сексуална злоупотреба на малолетни девојчиња, на музичарот му се заканува казна затвор од 70 години.