Манекенката која позираше во кадата од Хитлер 3 часа по неговото самоубиство


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Само после три часа откако нацистичкиот водач Адолф Хитлер и неговата партнерка Ева Браун извршиле самоубиство во нивниот бункер, на 30 април 1945 година, бившата манекенка и дописничка на Вог, Елизабет Ли Милер, позираше и направи серија фотографии во неговата када во станот на Хитлер во Минхен.

Милер во кадата од Хитлер со неговиот портрет

Во тоа време таа била воен репортер за публикацијата „Конде наст“ и кога американските војнци влегоа во Минхен, со нив била и Милер со фотографот Дејвид Е. Шерман.

Шерман во кадата од Хитлер

Тие двајцата почнале да го истражуваат разрушениот град и случајно наишле на апартман во една зграда во улицата Принценрегенплац 16. Се утврдило дека токму влегле во некогашниот стан на Хитлер кој некое време бил напуштен.

„Се беше во одлична состојба, имаше и струја и топла вода, а тука беше и фрижидерот. Некој за само 15 минути да избришеше прашина од плакарите, станот би бил подготвен за нов станар, доколку не би му пречела постелнината со иницијалите АХ“. напиша таа тогаш во својот дневник.

Одлучиле да се сликаат во тој стан и така настанаа фотографии кои долго ќе се паметат. Не се знае зошто токму Милер одлучила да се бања во кадата на Хитлер, а тука наводно и поминале 3 ноќи. Седеле на масата на Фирерот, го користеле неговиот тоалет и дури спиеле во неговиот кревет.

„Направивме сè за да се чувствуваме како дома“, рече таа.

Тие пред тоа биле во логорот Дахау каде снимиле бројни ужасни сцени на страдање и измачување. Милер изјави дека со ова необично бањање сакала да го испере се она што го видела и почувстувала во концентрациониот логор неколку часа пред тоа.