Миле Јанакиески и Спиро Ристовски нападнати во затворот Шутка!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од вчера притворените поранешни министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, денеска биле повредени во истражниот затвор во Шуто Оризари во Скопје.

Неофицијално, двајцата биле нападнати за време на прошетката во дворот на затворот од Лирим Красниќи, осомничен од случајот Диво Насеље, претходно осуден на 30 годишна затворска казна.

Според информациите, тие биле нападнати од притвореник од случајот Диво Насеље, кој во исто време се нашол во дворот на установата.

Инцидентот се случил надвор, за време на редовната прошетка од 1 час што ја имаат притворените лица.

Јанакиески и Ристовски од вчера се во притвор во случајот „27 април“, а осомничени се како организатори на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.