Шупет е моментално најбогатата мачка на светот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шупет (Choupette) моментално е најбогатата мачка на светот откако ова разгалено милениче наследи дел од богатството од скоро починатиот моден могул Карл Лагерфелд.

Шупет има и Инстаграм профил на кој има над 200.000 следбеници.мачката на неодамна починатиот моден дизајнер, Карл Лагерфелд, која на Инстаграм има над 200 илјади фанови, наследила големо богатство од Лагерфелд.

Мачката е дел од наследниците на богатството кое го остави зад себе како оставштина славниот моден дизајнер. Ова маче беше на неколку насловни страници од модни списанија, а само во 2014 година со два ангажмани заработи вртоглави 3 милиони евра.

Лагерфелд малку и забегуваше со своето обожавање на миленичето, па освен изјавите дека „таа е најславната и најбогата мачка на светот“, изјавуваше и дека „кога би можел, би се оженил со неа“.

Богатството кое ќе треба да го поделат наследниците на Лагерфелс и Шупет се проценува на 170 милиони евра.